Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе помогне или ќе одмогне на поранешниот клуб?
На Премиер Лигата во Англија и се ближи крајот, но неизвесноста на врвот е се поголема и не очекува драматичен крај.
Манчестер Сити и Ливерпул ќе водат жестока битка за првото место до самиот крај. Редсите имаат два бода повеќе и три кола пред крајот, но Сити има натпревар помалку и се е во нивни раце.
Меѓутоа, фактот дека тој натпревар е во среда и тоа на Олд Трафорд против Јунајтед на кој бодовите му се неопходни за пласман во Лигата на Шампионите. Тој натпревар би можел да биде одлучувачки и во Ливерпул се надеваат на помош од Црвените Ѓаволи.
Меѓутоа, Редсите исто така мораат да се фокусираат и на своите натпревари и покрај тоа што немаат тежок распоред. Ќе играат со Хадерсфилд во петок, па гостуваат во Њукасл и на крајот ќе бидат домаќини против Волверхемптон.
Ако го тргнеме Хадерсфилд на страна, преостанатите два натпревари не се баш лесни „залаци“, посебно гостувањето во Њукасл, занимливо е тоа што нив ги води поранешниот тренер на Ливерпул, Рафаел Бенитес кој е свесен на тоа каков непријател може да му стане на Енфилд.
„Тоа ќе биде многу тежок натпревар, посебно замене. Ако победиме, сите ќе речат дека сум им забил нож во грбот на колегите од бившиот клуб. А во случај да изгубиме, тогаш сите ќе зборуваат за тоа како сум им попуштил на Ливерпул. Секако, како и да биде, нема да испадне добро. Но тоа едно знам, ќе направиме се да одиграме подобро и да оствариме што подобар резултат“, изјави Бенитес.