Рафиња е еден од најважните фудбалери на Барселона, но ситуацијата денес можеше да биде поинаква. Бразилецот откри дека во 2024 година сакал да замине, но Германецот Ханси Флик го убедил да остане.
Во момент кога не се чувствувал почитуван во гигантот, Рафиња решил да ги спакува куферите и да бара нов тим, меѓутоа Флик закажал состанок со Бразилецот и му кажал дека верува во неговите квалитети.
„Да не беше разговорот со Флик, немаше да бидам тука денес. Тој ми го промени начинот на размислување и животот“, кажа Рафиња.
Одлуката да остане во каталонскиот гигант за Рафиња во овој момент изгледа како одличен потег, а веќе има договор со Барселона до 2030 година.
















