Рајкард нема намера да се врати во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави Ернандез на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на Барселона поради лошите резултати во изминатиот период, а како негова замена се споменуваше Франк Рајкард.

Легендарниот тренер немал ангажман 10 години, а во кариерата претходно ја тренираше Барселона од 2003 до 2009 година, но нема намера повторно да се врати во каталонскиот тим.

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта ќе продолжи со потрагата на нов тренер по „корпата“ од Рајкард, а веќе се споменуваат и други потенцијални решенија за тренерското столче.

Во конкуренција за работата се Јирген Клоп, Жозе Мурињо, Андрес Иниеста и Јаја Туре, но засега не се водат преговори со никој од нив.

Барселона во моментов е на четвртата позиција со 47 бодови.