Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватот е среќен во Барселона.
Хрватскиот везен, Иван Ракитиќ изјави дека е задоволен во Барселона и дека нема да премине во Интер, како што шпекулираат медиумите.
Откако премина во Барселона, Ракитиќ е мета на разни трансфер шпекулации, но за сега неговото место во првиот тим на каталонскиот великан е сигурно.
Ова лето медиумите го пратија Ракитиќ во Интер, но тој изјави дека од тоа нема ништо.
„Не знам зошто медиумите ме поврзуваат со Интер. Не можам тоа да го објаснам. Останатите тимови го имаат мојот респект. Интер е одличен тим и игравме против нив оваа сезона“, изјави Ракитиќ и додаде:
„Сепак, јас не се гледам во редовите на Интер. Ако Интер размислува за мене тоа е поради тоа што ми оди добро, но јас сум среќен во Барселона. Мојата фамилија и моите ќерки се среќни во Барселона. Од моја страна, нема никакви дилеми. Имам три годишен договор со Барселона и ова е местото каде што сакам да бидам. Го почитувам Интер но мислата да ја напуштам Барселона никогаш не ми поминала низ глава“, кажа Ракитиќ.
Сепак, хрватскиот везен и оваа сезона беше редовен во првиот состав на каталонскиот великан и има одиграно 53 натпревари и постигна пет голови и запиша 10 асистенции.