Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иван Ракитиќ можно е уште оваа зима да ја напушти Барселона. Каталонците вчера започнаа со подготовки за натпреварот против Еибар, а хрватскиот репрезентативец не се појави на попладневниот тренинг.
На многумина тоа им беше сомнително, но каталонскиот медиум Sport наведува дека Ракитиќ отпатувал до Мадрид за снимање на реклама.
Клубот му излезе во пресрет и потврдено е дека не се работи за никакви проблеми.
Се поврзува со Милан.
Тој има договор со Барселона до 2021. година, но како што се одвиваат работите очигледно е дека тој и нема најдобар статус на Камп Ноу, многумина се уверени дека зимава ќе го напушти клубот.
Тоа го разоткри и самиот Ракитиќ, изјавувајќи дека „нема намера да остане во Барселона за да шета низ плажите“, а после Интер, во трката за неговиот играчки картон се вклучи уште еден великан.
Според последните информации кои доаѓаат од италијанските медиуми, Ракитиќ во своите редови го посакува и Милан, чиј директор е Звонимир Бобан кој веќе го повика и му понуди улога во првиот состав од тимот.
„На Милан им е потребен поискусен везен играч кој би бил водач за останатите играчи во тимот и една од првите опции е Ракитиќ“, наведува Calciomercato.
Милан или Интер? Можеби некој трет, четврт… но како се ближи јануарскиот преоден рок се повеќе клубови ќе се вклучат во ловот на хрватскиот везен кој судејќи по се, среќата ќе си ја пронајде подалеку од Камп Ноу.