Ракометарите пристигнаа во Каиро и веднаш заминаа на тестирање


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација пристигна во Египет, каде што ќе настапи на Светското првенство во ракомет, како замена за Чешка која претходно се откажа.

Според протоколите, екипата и стручниот штаб веднаш по пристигнувањто во Каиро беа упатени на тестирање за Ковид 19.

После тестирањето ракометарите ќе заминат во изолација додека не ги добијат резултатите.

Избраниците на Брестовац ќе имаат малку време да се адаптираат и да се подготват за утрешниот натпревар против Шведска.