Ралф Шумахер со емотивна порака: За жал, некогаш животот не е фер!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Семејството Шумахер во изминатава деценија ја крие состојбата на легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер.

Медиумите постојано се обидуваат да дознаат нови детали, но семејството Шумахер не сака да открие никакви детали.

Ралф Шумахер во последното соочување со медиумите даде емотивна изјава и кажа дека Михаел не е таков каков што сите го паметат.

„За жал, животот понекогаш не е фер. Некои работи мора да прифатиме. Кога ги гледам децата на мојот брат, моето срце е полно и среќно“, кажа Ралф.

Според дел од информациите на медиумите, за лекувањето на Шумахер биле потрошени над 100 милиони долари.