Рамос: Да имаше трет пенал, и тој ќе го шутирав!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Шпанија, Серхио Рамос не се појави на конференцијата за медиумите пред дуелот со Германија, но конечно се обрати на медиумите за тоа што се случи на мечот против Швајцарија.

Натпреварот меѓу Шпанија и Швајцарија заврши 1-1, а искусниот дефанзивец промаши два пенали на мечот.

„Да ни беше досуден уште еден пенал, секако дека ќе го шутирав. Кога не би постапил така, тогаш не би бил јас“, кажа Рамос.

Фудбалерот на Реал Мадрид го одигра 177 меч за репрезентацијата, па така го урна рекордот на легендарниот Џанлуиџи Буфон.

„Горд сум на тоа. Кога ќе почнете, немате идеја дека може да стигнет толку далеку. Ќе играм уште колку што можам“, вели Шпанецот.