Рамос дал јасен знак за својата иднина во Реал Мадрид

Серхио Рамос истакна дека би преферирал да остане во Реал Мадрид се до неговото пензионирање.

Откако го крена својот петти трофеј со „кралскиот клуб“, Рамос најавил дека голема е веројатноста да се пензионира во дресот на Реал Мадрид.

Ваквата информација ја пренесе првиот човек на клубот, Флорентино Перез кој истакна дека не е загрижен што стоперот има само уште една сезона од неговиот договор.

„Рамос ќе биде овде до крајот на неговиот живот, сите може да се опуштат. Тој е многу повеќе од капитен, тој беше неверојатен лидер. Тимот има неверојатен дух и се тоа е поради него. Најави дека сака да остане и ќе остане колку сака“ –изјави Перез.