Рамос доби понуда каква што не се одбива!


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


Шпанскиот дефанзивец и еден од најдобрите фудбалери на својата позиција во историјата, Серхио Рамос е на праг да го напушти Реал Мадрид.

„Кралевите“, наводно, бараат негова замена и изборот паднал на Давид Алаба, додека Рамос ќе се пресели во ПСЖ затоа што не е задоволен со условите кои му ги нудат во Мадрид.

Главниот човек на Реал, Флорентино Перез не сака да ја прекине традицијата според која им нуди едногодишен договор на фудбалерите постари од 30 години, додека Рамос сака договор на две години.

ПСЖ нема проблеми со таквите услови и ако нешто не се промени, Рамос на лето ќе ја преземе главната улога во одбраната на францускиот шампион.