Рамос има еден услов до Перез за да остане во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхио Рамос има уште два месеци од неговиот договор со Реал Мадрид, а засега се водат нови преговори околу нов, иако беше објавено дека Шпанецот ќе остане во тимот.

Во март и април имаше преговори, но не се направи напредок во нив. Рамос од Флорентино Перез има само едно барање, а „Марка“ пишува дека тоа е двегодишен договор.

Шпанскиот медиум пишува дека Рамос побарал двегодишен договор од Перез и подготвен е да прифати и помала плата доколку му ја исполнат желбата.

„Имам 34 години, но се чувствувам како 28. Во форма сум како пред 10 години, можам да играм уште неколку врвни сезони. Сакам да настапам и на Светското првенство во 2026 година и да станам единствен во историјата со шест настапи на Мундијалите“, кажа Рамос.

Шпанецот оваа пролет пропушти неколку натпревари затоа што е повреден, а потоа имаше и позитивен тест на ковид-19.