Рамос ја објави првата снимка од свадбата со Рубио (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос минатата недела правеше свадба со девојката Пилар Рубио, со која долго време е во врска, па на настанот беа поканети повеќе од 500 гости, меѓу кои беа многу познати личности.

Рамос и Рубио организираа свадба, на која имаше правило за гостите, односно тие немаа дозвола да носат мобилни телефони на настанот, со цел да уживаат повеќе.

Поради тоа немаше многу снимки од свадбата на Рамос и Рубио, но денеска шпанскиот репрезентативец реши да објави на својот профил на Инстаграм видео од тоа како изгледаше спектакуларната свадба.

Првите шпекулации се дека организацијата на свадбата на познатиот пар изнесувала неверојатни три милиони евра, но секако тие не се проблем за нив.

 

View this post on Instagram

 

? Unforgettable! ? ? @pilarrubio_oficial #Rn’R #ThePerfectDay #ThePerfectPeople #ThankYou

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos) on