Рамос ја посвети победата на Енрике


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Што се случува со тренерот на Шпанската репрезентација?

Луис Енрике не го водеше натпреварот против Малта поради приватни причини кои тој не сакаше да ги сподели со јавноста.

Сепак, изгледа дека се работи за сериозна причина ако ги земеме во предвид објавите на Сергио Рамос.

Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Реал првично му пружи поддршка на Енрике пред натпреварот, а сега после победата против Малта, тој изјави дека му ја посветува токму нему.

„Ние бевме совршено подготвени за овој натпревар и покрај тоа што тренерот не беше присутен. Луис ја има нашата целосна поддршка бидејќи има лични проблеми и сакаме да го поддржиме во тој тежок период. Оваа победа му ја посветуваме токму нему и на неговата фамилија, бидејќи сите ние овде сме една фамилија!“, рече Рамос.

Се надеваме дека проблемите на Луис Енрике ќе се решат, без разлика за што се работи.