Рамос ќе му забие нож во грб на Перез и ќе му уништи мега-трансфер на Реал Мадрид?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот 35-годишен дефанзивец Серхио Рамос ќе остане без договор на крајот на месецот и најверојатно по деценија ипол ќе го напушти клубот.

Рамос не сакаше да прифати нов договор кој му го понуди претседатот Флорентино Перез. Првиот човек на клубот му понуди помала плата, но и соработка на една година.

Рамос ќе замине од клубот, но според шпанските медуми, решил да му забие нож во грб на Перез. Тој наводно ги повикал играчите и ги советувал да не прифаќаат помали плати и сезонава.

„Еден фудбалер ни откри дека Рамос ги повикал и ги советувал да не прифатат намалување на платата, зашто единствена причина за тоа е понудата која се подготвува за Килијан Мбапе“, откриваат медиумите.

Мбапе долго време се поврзува со трансфер во Реал, но нема никакви официјални понуди и останува да видиме дали ќе има некаква летово.