Рамос не знае да промаши пенал, откако си замина Роналдо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос веќе втора недела по ред се запишува во листата на стрелци, но неговата екипа не успеа да ја совлада Селта и да ја зачува предноста од три бода пред Барселона, па сега таа изнесува само бод.

Дефанзивецот го запиша 91. погодок во дресот на „кралевите“, а интересен податок е тоа што Рамос не промашил ниту еден пенал по заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус.

Рамос против Селта погоди од пенал во 65. минута и тоа беше негов 12. погодок од белата точка од исто толку обиди откако Роналдо го напушти шпанскиот гигант.

Репрезентативецот на Шпанија дури девет пати беше прецизен во Ла Лига, двапати во шпанскиот Куп и еднаш во Суперкупот на Шпанија.