Рамос откри зошто го добил бизарниот жолт картон против Романија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос вчера постигна гол од пенал за водство на Шпанија против Романија, а неговата репрезентација на крајот успеа да слави со 2-1, па сега има пет победи по пет одиграни меча.

Сепак, во центар на внимание е бизарниот црвен картон кој го доби Рамос од судијата Дениз Ајтекин. Шпанецот по погодокот тргна кон една камера зад голот и го прослави погодокот, по што арбитрот му покажа жолт картон.

„Жолтиот картон беше поради недоразбирање. Јас немав намера никого да испровоцирам, туку голот сакав да му го посветам на внук ми, кој носи наочари. Сепак, судијата помисли дека ги провоцирам навивачите, иако јас тоа не го направив“, порача дефанзивецот.