Рамос покажа што вежба во теретана за да има силен удар со глава (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхио Рамос веќе 15 години игра за Реал Мадрид и иако има 34 години уште е во фантастична форма.

Капитенот на шпанскиот гигант сезонава одигра 41 меч во сите натпреварувања и постигна дури 12 голови.

Рамос денеска беше повторно во центар на внимание поради неговиот тренинг. Тој преку Инстаграм покажа зошто има силен удар со глава.

Набрзо Рамос објави видео на кое покажа какви вежби прави во теретана за да биде доминантен во скокот и играта со глава.