Рамос: Пред да умрам, сакам да освојам нешто со Севилја!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос беше претставен како ново засилување на Севилја за новата сезона.

Рамос се враќа во Андалузија по 18 години, откако ги одби богатите понуди од Саудиска Арабија.

„Кога дојде на ред планот за враќање, се разбудија многу емоции во мене. Ова е остварување на мојот сон. Пред да умрам, сакам да освојам нешто со Севилја. Се надевам дека ќе бидам како Хесус Навас и Иван Ракитиќ, кои освоија титули“, вели Рамос.

Шпанецот претходно играше и за Реал Мадрид и ПСЖ.