Рамос се збогуваше од Зидан, а ги откри и намерите на Французинот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зинедин Зидан го напушти тренерското место во Реал Мадрид. По две години соработка во вториот мандат, Французинот реши да замине од клупата на „кралевите“ и сега шпанскиот тим бара негова замена.

Легендарниот француски тренер имаше одличен однос со фудбалерите на „кралскиот клуб“, а по заминувањето се јави и капитенот Серхио Рамос.

Рамос испрати порака до Зидан и му посака среќа во иднина, но и да ужива во одморот.

„Зидан, еден и единствен. Ти посакувам само најдобро. Го заслужи тоа и го заработи. Уживај во животот со семејството. Ти благодарам господине“, напиша Рамос.