Рангник бара да се укине натпреварување и ги налути Англичаните


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник пред еден месец пристигна во Премиерлигата за да го тренира гигантот од „Олд Трафорд“, но смета дека во Англија се играат премногу натпреварувања.

Рангник побара од Англичаните да се укине Лига Купот, со што би се намалил густиот распоред на клубовите, но ова не им се допаѓа на помалите тимови, кои преку ова натпреварување може да изборат дуели со премиерлигашите и поголема заработка.

„Англија е единствена лига која има два Купа. Дури и Франција се откажа од оваа идеја. Знам дека купот им помага на помалите тимови да добијат повеќе пари, но распоредот за нас премиерлигашите е пеколен“, кажа Рангник.