Рангник: ФА-купот беше последна шанса за трофеј, ама не треба да заборавиме и на ЛШ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед во петокот беше елиминиран од ФА-купот по пенали од Миделзбро, кога во пенал-рулетот промаши 19-годишниот Ентони Еланга.

Јунајтед така ја загуби секоја шанса да освои домашен трофеј оваа сезона, со оглед на тоа дека има 19 бодови помалку од Манчестер сити, а претходно испадна и од Лига Купот.

„Ѓаволите“ играат уште во Лигата на шампиони (ЛШ), но тренерот Ралф Рангник не верува во сензација во елитното натпреварување.

„Очајно сакавме да победиме во тој меч, но не бевме сконцентрирани пред голот. Во нормални услови ќе имавме 3-0 на полувреме, но не сме единствени со проблеми. Тоа ни беше последна шанса за трофеј оваа сезона. Сè уште сме во ЛШ, но конкуренцијата е силна“, вели Рангник.