Рангник им се налути на судиите: Арсенал постигна нерегуларен гол! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед го загуби и второто дерби во Премиерлигата, откако најпрво доживеа дебакл против Ливерпул (0-4), а потоа беше поразен и од Арсенал со 1-3, па така направи чекор назад во битката за позициите кои водат во Лигата на шампиони (ЛШ).

Тренерот на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник не беше задоволен со судењето, па кажа дека голот на Гранит Џака не бил регуларен.

„Мислам дека се вративме во мечот, но нашата одбрана беше лоша, а имавме и три несреќни одлуки на ВАР. Исто така, голот на Џака не беше регуларен“, кажа Рангник по поразот.

Јунајтед во моментов се наоѓа на шестата позиција со 54 бодови, односно шест помалку од Арсенал по 33 одиграни кола.