Рангник ја заврши приказната за Роналдо: Одговорот му стигна пет минути по измената!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристијано Роналдо беше во центар на внимание по натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Брентфорд, откако тренерот Ралф Рангник реши да го замени во 71. минута од мечот.

Роналдо реагираше жестоко на одлуката на Рангник, а јасно можеше да се забележи дека не му се допаѓа тоа што го напушти натпреварот, но тренерот не сакаше повеќе да зборува за тоа.

„Работата на тренерот е да му помогне на тимот да победува. По мечот знаевме дека мора да одиграме добро против Брентфорд. Беше само прашање на време кога ќе го заменам. Роналдо е стрелец и секогаш сака да дава голови. Ме праша зошто го заменив и одговорот му стигна неколку минути подоцна кога беше постигнат третиот гол“, кажа Рангник.