Рангник му најде замерка на Роналдо: Не дава доволно голови…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед во последно време има големи проблеми со реализацијата, па така во последните два меча испратија дури 52 удари од кои 14 завршија во рамки на голот на противничкиот голман.

За да биде полошо, од тие 14 удари во рамки на голот, само два завршија во мрежата и затоа тренерот Ралф Рангник има големи замерки за неговите фудбалери, како и за најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо.

Рангник е загрижен поради тоа што Роналдо не дава доволно голови и затоа јавно се пожали за неефикасноста на Португалецот.

„Секако дека очекував Роналдо да дава повеќе голови. Во последните неколку меча создадовме многу шанси за гол, но реализацијата не е само проблем на Кристијано, туку на целата екипа“, вели Рангник.