Рангник најави нов напаѓач во Манчестер јунајтед: Тоа ни е потребно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тренер Ралф Рангник не успеа да ги врати Манчестер јунајтед на местото на кое што заслужуваат да бидат поради проблемите во нападот.

Рангник има проблеми во нападот, затоа што Едисон Кавани и Кристијано Роналдо не ја подобрија ефикасноста на „црвените ѓаволи“.

Тоа значи дека во летниот преоден рок Јунајтед ќе тргне по нов напаѓач, а такво нешто најави и германскиот стратег.

„Мислам дека очигледно ни треба нов и млад напаѓач. Договорот на Кавани е до крајот на сезоната. Клуб како Манчестер јунајтед мора да има еден од најдобрите напаѓачи во свет. Тоа е јасно и мислам дека сите сме свесни“, кажа Рангник.

Јунајтед вчера одигра 1-1 со Саутемптон и го очекува тешка битка за пласман во Лига на шампиони (ЛШ) до крајот на сезоната.