Рангник „отпишан“ по само еден месец: Навистина е чудотворец, успеа да го уништи Манчестер јунајтед!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерлигашот Манчестер јунајтед доби нови критики преку социјалните мрежи по очајниот настап во поразот од Вулверхемптон со 0-1 на „Олд Трафорд“.

Португалскиот ветеран Жоао Мутињо со доцен гол од работ на казнениот простор го матираше Давид де Хеа за триумф на гостите.

Тоа беше прв пораз на Јунајтед во шест меча под водство на новиот привремен тренер Ралф Рангник, кој требаше да ги врати насмевките на лицата на навивачите.

„Ѓаволите“ беа ужасни во натпреварот против Вулверхемптон, а нивниот голем ривал и навивач на Арсенал, Пјерс Морган едвај дочека да удри по нив.

„Рангник е чудотворец, го направи Јунајтед уште полош. Требаше да го земат Антонио Конте додека имаа шанса, не е нормално голем клуб да биде трениран од мал тренер“, напиша Морган.