Рангник се премисли: Ситуацијата со Кавани на „Олд Трафорд“ се промени?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот напаѓач Едисон Кавани требаше да замине во јануари, но тоа нема да се случи и тој ќе остане во Манчестер јунајтед.

Информацијата за англиските медиуми ја потврди тренерот на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник, кој кажа дека Кавани ќе остане во екипата.

„Разговаравме и му кажав дека е важен играч. Единствен кој може да игра како напаѓач со лицето кон голот. Неговиот професионализам и работна навика се нешто неверојатно“, кажа Рангник.

Кавани сезонава имаше и здравствени проблеми, па настапи само на девет меча за „ѓаволите“, а постигна гол против Тотенхем во победата од 3-0.

Кавани пристигна во Јунајтед минатото лето на слободен трансфер од ПСЖ.