Рангник седна на кормилото на Јунајтед: Роналдо добива нова улога или се сели на клупата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед пред  седум дена го отпушти Оле Гунар Солскјер, по што привремен тренер беше Мајкл Керик, а денеска конечно на кормилото седна Ралф Рангник.

За доаѓањето на Рангник во Манчестер се знаеше уште пред неколку дена, но промоцијата беше закажана за понеделник и тоа се оствари, па така германскиот тренер ќе остане во клубот до крајот на сезоната.

Новинарот на „ЕСПН“, Марк Огден тврди дека ова не е добра вест за Кристијано Роналдо, кој во февруари ќе наполни 37 години.

Рангник сака да негува стил на игра каква што имаше Керик, односно цврста во средниот ред, додека од напаѓачите очекува да играат пресинг и да помагаат во одбраната.

Роналдо е создаден за многу работи и тој е голем голгетер, но нема ниту енергија, ниту желба да помага во одбрана, па поради тоа би можел да се пресели на клупата.