Распад систем на „Олд Трафорд“: 17 фудбалери се свртеле против Рангник!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека ситуацијата во Манчестер јунајтед воопшто не е добра, откако на тренерската клупа пристигна Ралф Рангник.

Голем дел од фудбалерите не биле задоволни од германскиот тренер, кој заедно со неговите помошници не се прилагодиле веднаш на „Олд Трафорд“.

Пред некој ден се појави информација дека 11 фудбалери не се задоволни, меѓутоа бројката постојано се зголемува и таа во моментов изнесува 17.

Фудбалерите не се задоволни со методите на игра кои ги форсира Рангник, па сега раководството на тимот побарало од Мај Филан да зборува со незадоволните играчи и да ги убеди да ја завршат сезоната.

Засега не е познато кој ќе биде тренер по крајот на сезонава, но до крајот на мај стратег сигурно ќе биде Рангник.