Распад систем во Франција: Играчите се караа на терен, а Дешамп сакаше да ги смири!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француската репрезентација во понеделникот доживеа вистински шок откако беше елиминирана во осминафиналето на Европското првенство (ЕП).

Актуелниот светски шампион на ЕП дојде како главен фаворит за освојување на титулата, но на пенали загуби од Швајцарија, откако Килијан Мбапе го промаши решавачкиот удар од белата точка.

Вистински распад систем Французите доживеаа во завршницата на натпреварот, кога фудбалерите почнаа да се караат меѓусебе, а прво се „закачија“ Адриен Рабио и Пол Погба по голот на Гаврановиќ за 3-3.

Погба ја загуби топката и им дозволи на Швајцарците да постигнат гол, а тоа го налути Рабио, меѓутоа селекторот Дидие Дешамп успеа да ги смири.

Сепак, набрзо се случи нова караница, а овој пат во главни улоги беа Погба и Кингсли Коман, кој се повреди на почетокот на првото продолжение.

По првото продолжение Погба му беше лут на Коман и не му беше јасно зошто не излезе од игра, иако се пожали на повреда и доби медицинска помош.