Расплаканииот Навас му го посвети трофејот од Лига Европа на настраданиот Рејес!

Капитенот на Севилја, Хесус Навас во солзи го прослави освојувањето на Лига Европа. Ова беше шести трофеј за шпанската екипа, која во финалето славеше против Интер со 3-2.

Победата против Интер и освојувањето на трофејот му го посвети на трагично настараданиот Хозе Антонио Рејес.

„Оваа екипа го заслужи тоа. Се боревме цела година, имавме тешка ситуација, како и сите. Навивачите ова го заслужија, како и сите кои го сакаат фудаблот и мора сега да уживаме. Ќе го кренам трофејот како капитен и тоа многу ми значи, ова е за пријателите кои повеќе не се со нас, како што е случај со Рејес“, кажа Навас.