Распоред до крајот на Премиер лигата: Кој има најлесен пат до Лигата на шампионите?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед вчера пропушти шанса да се пласира на третата позиција на табелата во Премиер лигата, па по ремито со Саутемптон „ѓаволите“ остануваат на петтата позиција на табелата.

Во моментов третопласиран е Челси со 60 бода, додека по 59 бода на четвртата и петтата позиција имаат Лестер и Манчестер Јунајтед.

Јасно е дека овие три клуба до крај ќе водат жестока битка за  пласман во најквлаитетното европско натпреварување за следната сезона. Сите имаат доста незгодни противници во следните три кола, а кулминација се очекува во последното коло кога ќе се судрат директните претенденти за пласман, Лестер и Манчестер Јунајтед.

Челси– Норвич (вторник)

Ливерпул- Челси (22 јули)

Челси– Вулверхемптон (26 јули)

Лестер– Шефилд Јунајтед (четврток)

Тотенхем- Лестер (19 јули)

Лестер- Манчестер Јунајтед (26 јули)

Кристал Палас- Манчестер Јунајтед (четврток)

Манчестер Јунајтед– Вест Хем (22 јули)

Лестер- Манчестер Јунајтед (26 јули)