Распродажба во Лондон: Челси продава седум фудбалери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси во зимскиот преоден рок потроши над 300 милиони евра за нови засилувања, па на лето се очекува огромна распродажба во Лондон.

Челси успеа да го продаде Жоржињо во Арсенал на крајот на преодниот рок, но тој не е единствен кој ќе ја напушти екипата од Лондон.

Англиските медиуми пишуваат дека Челси ќе ги продаде Пулишиќ, Лофтус-Чик, Зијеш, Галагер, Обамејанг, Кулибали и Менди.

На лето во Лондон сигурно ќе пристигнат и нови фудбалери, а еден од нив е Кристофер Нкунку за 60 милиони евра, како што веќе неколку пати најави новинарот Фабрицио Романо.