Разделување со Флорида – Вејд се пресели во Чикаго


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Слободниот агент Двејн Вејд договори соработка со Чикаго Булс и ќе потпише 2-годишен договор вреден 47.5 милиони долари.

Вејд така ја заврши 13-годишната кариера во Мајами Хит.

За да обезбедат доволни пари за договорот на Вејд, Булс го трејдуваа Хосе Калдерон во Лејкерс, а Мајк Данливи во Кливленд.

Булс ова лето направија големи промени. Замина Дерик Роуз, а нов плејмејкер ќе биде Ражон Рондо.

Исто така замина и По Гасол, а на негово место стигна Робин Лопез.