Размена на повидок: Реал Мадрид во преговори со Интер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид наскоро мора да се активира на трансфер-маркетот затоа што има голем број фудбалери во екипата чии договори завршуваат следното лето.

„Кралевите“ ќе се обидат да ги продадат пред да си заминат бесплатно, а во јануари ќе биде последна шанса да ги „искористат“ на трансфер-маркетот.

Еден од нив е Начо кој ќе замине од Мадрид, а шпанскиот гигант планира во јануари да му го понуди на Интер во замена за Стефан Де Вриј, кој исто така ќе стане слободен агент следното лето.

„Калчомеркато“ објави дека Реал Мадрид и Интер не планираат да им ги продолжат договорите и затоа во моментов се во преговори за да ги разменат фудбалерите уште во јануари, ако постои желба и кај самите играчи.