Реал го продава Ковачиќ како во случајот со Мората?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Купувањето на играчот за врска на Валенсија значи и позајмица за Хрватот. Има многу заинтересирани, но условот на Мадриѓаните е јасен.

Најавеното доаѓање на Андре Гомеш од Валенсија веројатно ќе значи уште помалку простор за игра на Матео Ковачиќ.

Хрватот имаше неколку добри партии во текот на минатата сезона, но јасно е дека најмногу му штети што не може да игра поради силната конкуренција.

Зидан го цени, но покрај Модриќ и Крос тешко ќе добива шанса. Покрај тоа, Касемиро е сега сигурен, а доаѓањето на Гомеш веројатно ќе значи дека Ковачиќ ќе мора да замине.

Но, Реал ќе го испрати на позајмица, или да го продаде како Мората, но со право на откуп на неговиот договор, во случај да сфатат дека им е потребен.

Ќе видиме кој на тоа ќе прифати, Милан го сака Хрватот на позајмица со право на откуп, но како што рековме Мадриѓаните имаат друга идеја.

Истотака, и Ливерпул сака да го купи одличниот плејмејкер, ќе видиме што ќе се случи ако Португалецот ако дојде на Бернабе, како што тврди Марка е готова работа. Тој Реал ќе ги чини 60 милиони со бонуси, пола помалку од тоа што мораа да вложат во Погба.