Реал ќе го продава Модриќ во јануари, два великани заинтересирани


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Помалку од една година по освојувањето на Златната топка поради фантастичните партии, времето на Лука Модриќ во Реал Мадрид се чини дека доаѓа до самиот крај.

Имено, како што пренесува „Калчомеркато“, Реал планира да го продаде фудбалерот во јануари, а сумата која „кралевите“ ќе ја побараат е само десет милиони евра.

Истиот медиум пишува дека прв фаворит за ангажман на Модриќ е тимот на Интер, а интерес има и од тимот на Милан.