Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лука Модриќ сеуште закрепнува од повредите поради кои се загрижени и во Хрватска, дали тој ќе биде спремен за натпреварите на репрезентацијата – против Велс и Унгарија.
Меѓутоа и доколку биде спремен, Модриќ може и да не заигра за Хрватска во квалификациските натпревари за Европското Првенство кои ќе се играат наредниот месец.
Имено, Марка пишува дека управата на Реал Мадрид од Модриќ бара да не игра на натпреварите за репрезентацијата во октомври.
Поточно, на Модриќ веќе му препорачаа од клубот да разговара со селекторот Златко Далиќ и да го предомисли, доколку е возможно, да го поштеди од репрезентативните обврски во октомври – и покрај тоа што неговото име се најде на списокот.
Во Реал посакуваат на Модриќ да му се даде повеќе време за одмор за евентуално да не му се повтори повредата од која сеуште нема закрепнато – но се верува дека набрзо ќе се врати на теренот со оглед на тоа дека веќе се врати на тренинзите.