Реал Мадрид добил понуда за Азар, ама…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лидерот во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид во моментов се наоѓа на добар пат да ја освои титулата, но и покрај тоа сака да направи реконструкција во екипата и да се ослободи од фудбалерите кои не им се потрени.

Англиските медиуми пишуваат дека „кралевите“ одбиле понуда за Азар, кој пристигна во Мадрид во 2019 година за 115 милиони евра, но се покажа како големо разочарување.

Реал е подготвен да го продаде Белгиецот, кој има голема плата, но понудата која ја добиле „кралевите“ била потценувачка.

За Азар биле понудени 25 милиони евра, а „кралевите“ воопшто не сакале ниту да ја разгледуваат и веднаш ја одбиле.

Засега не е познато кој тим испратил понуда за Азар, но во претходниот период се шпекулираше за интерес од Њукасл.