Реал Мадрид договори нова „десетка“, познат е наследникот на Модриќ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид во изминатите години постојано троши многу пари на засилувања, а сега на листата со желби се наоѓа Германецот Флоријан Вирц.

Вирц има само 21 година, а станува збор за еден од најголемите таленти во германскиот фудбал и своите квалитети ги покажа во дресот на Баер Леверкузен.

Шпанските медиуми пишуваат дека „кралевите“ ќе тргнат по неговиот потпис ова лето и ќе му ја доделат „десетката“ која досега му припаѓаше на Лука Модриќ.

Вирц оваа сезона настапи на 46 меча, а притоа постигна 18 голови и 19 асистенции.