Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Карло Анчелоти има сигурна работа во Реал Мадрид и раководството на кралскиот клуб нема намера да го промени сè додека се освојуваат титули.
Италијанскиот експерт Карло Анчелоти веќе е четврта сезона на клупата на Реал Мадрид и со „Кралевите“ има освоено апсолутно сè што можеше.
Договорот на 65-годишниот со кралскиот клуб важи до јуни 2026 година, а челниците на еден од најголемите клубови во светот немаат намера да го променат. Презадоволни се од неговата работа и сакаат да го задржат сè додека титулите доаѓаат.
„Реал Мадрид нема во план отпуштање на Анчелоти. Во клубот го сметаат за многу важна личност и ќе го задржат сè додека се освојуваат трофеи“, наведува „Релево“.