Реал Мадрид е на потег: Тухел почнал да учи шпански!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид најверојатно ќе се раздели со Карло Анчелоти, ако не ја освојат титулата во Лигата на шампиони (ЛШ), а еден од кандидатите за тренер е Германецот Томас Тухел.

„Билд“ објави дека Тухел почнал да учи шпански и се надева дека ќе добие шанса во Ла Лига, а шансите за такво нешто се големи.

Флорентино Перез наскоро треба да донесе конечна одлука за иднината на Анчелоти, кој оваа сезона ја загуби војната со Барселона.

Тухел е прв на листата со желби на Перез, а исто така тој е заинтересиран за Маурицио Покетино, Чаби Алонсо и Раул Гонзалес.