Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот новинар тврди.
Реал Мадрид наводно ги започна преговорите со напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах.
Така тврди францускиот новинар на Canal plus, Филипе Карајон кој во програмата на оваа телевизија истакна:
„Зинедин Зидан не сака да го доведе само Еден Aзар во клубот. Постојат одредени контакти помеѓу Реал и Мохамед Салах“, тврди Карајон.
Ова се секако големи новости. Евентуалниот трансфер на Салах во Реал Мадрид сигурно би ја потресил Европа, а напаѓачката игра на Кралевите со него и со Азар после долго време ќе добие друга димензија.
Покрај ова тврдење на францускиот новинар за сега сеуште нема официјални информации за потенцијалниот трансфер.
Она што сигурно се знае, е тоа дека Реал подготвува голема реконструкција на тимот. Многу играчи беа отпишани од листата на клубот од страна на Зинедин Зидан кој ќе има 540 милиони евра на располагање за да го обезбеди соодветното засилување на тимот.
Добар дел од таа сума ќе отиде за транасферот на Еден Азар од Челзи, а ќе видиме дали Кралевите ќе постигнат договор со Ливерпул.
Салах веќе две години е член на Ливерпул. Тој одигра многу добра сезона и постигна 70 погодоци за 103 настапи кој ги одигра за Редсите. Минатата сезона тој одигра 51 натпревар и запиша 26 погодоци и 13 асистенции.