Реал Мадрид го доби вечното дерби: Алаба ја „нокаутираше“ Барселона! 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид е нов лидер во Ла Лига, откако вечерва победи против Барселона на „Камп Ноу“ со 2-1, а головите ги постигнаа Давид Алаба и Лукас Васкез.

Алаба беше стрелец на погодокот во 32. минута и така ги казни грешките на Барселона, а на крајот Васкез погоди за 2-0 и тоа беше доволно за три бода на Реал мадрид во големото дерби.

Единствениот гол за Барселона го постигна Серхио Агуеро во последната минута од судиското надополнување за 1-2.

Реал има 20 бода на табелата, исто колку што имаат и Севиља и Реал Сосиедад, додека Барселона со 15 бода се наоѓа на осмото место.