Реал Мадрид го гледа Сити како главен конкурент за потпис на ѕвезда од 150 милиони евра


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Следното лето ќе биде интересно затоа што нè очекуваат неколку трансфери, а еден од нив треба да биде на Џуд Белингам, иако засега не е познато каде ќе игра англискиот репрезентативец.

„Кралевите“ планираат да го купат 19-годишниот фудбалер, но сепак постои конкуренција од Премиерлигата, а заинтересирани се Челси, Ливерпул, Манчестер јунајтед и Манчестер сити.

„Скај Спортс“ објави дека Реал веќе почнал преговори за реализирање на трансферот на Белингам, но шпанскиот гигант најголема конкуренција во битката за неговиот потпис гледа во Манчестер сити.

„Граѓаните“ минатото лето го купија Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, а сега сакаат да ангажираат уште една ѕвезда од бундеслигашот, па сигурно нè очекува голема битка за потписот на Англичанецот.