Реал Мадрид го испрати „јапонскиот Меси“ на позајмица во Мајорка


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Јапонскиот фудбалер Кубо во четврто замина од вториот тим на Реал Мадрид, Кастилја на позајмица во Мајорка.

Овој 18-годишен талентиран фудбалер најпрво играше за резервите на Реал Мадрид, но управата процени дека треба да добие искуство во Ла Лига и токму преку тимот на Мајорка.

Имаше шпекулации дека ќе се пресели во Ваљадолид, но Јапонецот сепак избра друг тим, кадешто ќе се обиде да импресионира со неговите настапи.

Кубо претходно импресионираше на неколку подготвителни натпревари на „кралевите“, но проблемот е тоа што фудбалерот е млад, а во клубот веќе има голем број ѕвезди, па Јапонецот ќе мора да почека на своја шанса во првиот тим на шпанскиот гигант.