Реал Мадрид го „нокаутира“ Атлетико, а Симеоне „плаче“ дека биле оштетени! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот шампион Реал Мадрид славеше во дербито против градскиот ривал Атлетико Мадрид со 3-1 и обезбеди место во финалето на шпанскиот Суперкуп.

Родриго го постигна првиот гол за „кралевите“, откако претходно погоди Мората за Атлетико Мадрид, по што дуелот се решаваше во продолженија.

Бензема ја врати предноста за Реал (2-1), додека победата ја потврди Винисиус, а по натпреварот тренер Диего Симеоне се жалеше дека биле оштетени.

„Одигравме комплетен меч, но потоа се случи прекршок на Себалјос кој беше за чист жолт картон, но не му беше покажан. Тоа беше важна акција, но на никој не му е важно. Ќе останевме со играч повеќе и со резултат на наша страна“, вели Симеоне.