Реал Мадрид губи уште еден фудбалер: Варан ќе тргне по стапките на Рамос?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид се плаши дека и Рафаел Варан би можел да си замине од шпанскиот шампион целосно бесплатно следната година, зашто планира да одбие нов договор.

„Марка“ објави дека дефанзивецот има договор до 2022 година и доколку не потпише нова соработка, најверојатно ќе биде продаден следното лето.

ПСЖ и Манчестер јунајтед се заинтересирани за Французинот, кој влегува во последната година од договорот и неговата цена ќе биде „само“ 50 милиони евра.

Варан веќе 10 години игра во Мадрид и заработува шест милиони евра годишно, а доколку замине, Реал се очекува да тргне по потписот на Давид Алаба, кој ќе добие речиси двојно повеќе пари за договор.