Реал Мадрид има мака со Азар: Познато е колку ќе паузира Белгиецот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ударна вест од таборот на Реал Мадрид е дека Еден Азар ќе мора повторно да паузира поради повреда и така пак ги разочара и налути навивачите.

Шпанските медиуми пишуваат дека Белгиецот ќе паузира од четири до шест недели, колку што е потребно да се рехабилитира од повредата.

Како и секоја повреда на мускулното , и оваа повреда бара мирување, па Белгиецот, кој од доаѓањето во Реал во 2019 година беше редовен кај клупскиот лекар, ќе мора пак да паузира.

Азар беше стартер на последните шест меча на екипата, а интересно е дека во сите беше заменет, но сега Зинедин Зидан пак нема да може да смета на него.

„Кралевите“ го платија Азар на Челси околу 100 милиони евра.