Реал Мадрид има нова желба и тоа повторно од Борусија Дортмунд!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Дон Балон“ пишува дека Реал Мадрид е заинтересиран за фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џулијан Брандт. Тие сакаат да го обезбедат потписот на 24-годишниот играч, но за тоа ќе мора да платат 60 милиони евра колку што бара германскиот гигант.

Брандт е еден од најдобрите фудбалери за врска во Бундеслигата, кој во Дортмунд пристигна минатото лето од Баер Леверкузен за 25 милиони евра, а тогаш за него беа заинтересирани и Јувентус и ПСЖ.

Со оглед на тоа дека има одлична сезона во дресот на „милионерите“, неговата цена порасна, па така Дортмунд би можел да заработи речиси трипати повеќе отколку што го купи.

Брандт сезонава одигра 33 меча во сите натпреварувања и постигна седум голови, но и осум асистенции.